Британското Министерство за одбрана соопшти денеска дека голем руски конвој северозападно од Киев постигнал мал напредок за повеќе од една недела и трпи континуирани загуби, а интензитетот на руската воздушна активност е помал.
Како што се зголемува бројот на руските воени жртви, претседателот Владимир Путин ќе биде принуден да ги повлече силите од сите единици на руските вооружени сили и други извори за да ги надомести загубите, се наведува во соопштението на британското Министерство.
Изминатите денови има значително намалување на вкупната руска воздушна активност над Украина, се додава во соопштението.