Владата на вчерашната седница донесе одлуки со цел да помогне на граѓаните и стопанството апропо ценовниот шок кој повеќе од три недели и се случува на Македонија.
Премиерот Ковачевски вчера на прес-конференција ги соопшти мерките кои беа донесени на седница на влада, но сакајќи или не сакајќи вчера призна една работа за која порталот КУРИР пишуваше изминативе години.
Имено Ковачевски вчера испрати апел до сите функционери да го стопираат луксузот, а тоа е умереното користење на службените автомоби, набавката на скапите јаткасни плодови, службените картички да се користат рационално…
-„Една од препораките до министерствата и институциите е максимално да се рационализираат трошоците. Да не се набавува и троши сѐ што е неопходно“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „24 анализа“.
Министерството за одбрана ќе троши скоро 900.000 денари на маслинки и модри сливи
Тој додаде дека намалувањето на трошењето не се однесува само на службените возила, туку и на трошењата за репрезентација и службени патувања.
ФОТО: Двајцата директори од ФЗО кои ќе возат супер луксузни службени автомобили
Па оттука се поставува прашањето, дали македонските функционери на фукции доаѓаат за да им помогнат на граѓаните или поради комотниот и луксузен живот кој го носи функцијата?
Луксузирањето на власта почна од самиот старт, веднаш штом дојдоа на функции МВР склули договор со кумановската „Де Лукс“ ауто за набавка на нови Шкоди иако во моментот службените возила на министерството беа попричилно нови.
Кумановската Делукс Ауто давала возила на СДСМ, а сега добива договори во четири очи со МВР
Оваа фирма која важи за блиска до СДСМ не добива тендери само од МВР. Во 2019 година добила тендер од Агенцијта за лекови, за чии потреби набавиле автомобили во вредност од 48.000 евра или 2.999.958 денари.
Една година порано, „Делукс ауто“ добива тендер и од Централниот регистар, за чии потреби набавува автомобили во вредност од 8.345.014 денари.
Фирмата донатор на СДСМ, Делукс Ауто повторно доби тендер за набавка на возила
Па така од нашите истражувања тогаш, стигнавме до податокот дека, владата на СДСМ и ДУИ, во периодот од 2018, 2019 и 2020 година потрошиле неверојатни 8.1 милиони евра.
Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра.