Шпанскиот премиер Педро Санчез предупреди дека е потребна европска реформа на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) за да се спречи криза со храна по руската инвазија на Украина.
-Треба да обезбедиме многу посилно производство на храна во Европа отколку што сега имаме, со други зборови, да ја реформираме ЗЗП, рече тој, пренесува Политико.
Санчез, исто така, потенцираше дека е важно да се мобилизира меѓународната заедница и да се најдат нови земји од кои ќе се увезуваат житни култури.
Тој ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека лидерите на земјите од ЕУ во Версај ќе разговараат за одбранбените прашања, како и за социјалните и економските последици од конфликтот за Европејците, вклучително и инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата, храната и суровините. (МИА)