Рускиот претседател Владимир Путин денеска нагласи дека има одреден напредок во разговорите на Москва со Украина, но не даде детали.
„Има одредени позитивни поместувања, ми велат преговарачите од наша страна“, рече Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, додавајќи дека разговорите продолжуваат „практично на дневна основа“.
Путин не прецизира за каков прогрес се работи.