недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Рускa инфлуенсеркa со крокодилски солзи проговори за исклучувањето на Инстаграм: „Ова е мојот живот, поради него се будам“ (ВИДЕО)

Рускa инфлуенсеркa со крокодилски солзи проговори за исклучувањето на Инстаграм: „Ова е мојот живот, поради него се будам“ (ВИДЕО)

Нејзе не и е грижа што загинаа илјадници луѓе, вклучувајќи ги и нејзините сограѓани. Нејзината најголема грижа е што нема да може да објавува фотографии од храната од ресторанот, напиша на Твитер платформата Nexta. Тие споделија видео од расплаканата руска инфлуенсерка кој не може да се помири со фактот дека Инстаграм повеќе не е достапен во Русија.

– Дали мислите дека Инстаграм е само извор на приход за мене? Тоа е животот за мене. Поради него се будам и одам да спијам, тука сум пет ебани години – низ липање рекла Русинката. Таа моментално минува низ првата фаза на тагување поради забраната за користење Инстаграм.

Видеото на инфлуенсерката досега е прегледано повеќе од 1,7 милиони пати.

Иако не пушти солзи како нејзината колешка, на забраната за користење Инстаграм се пожали и инфлуенсерката Лиза Лукашева.

– Би сакал да останам во контакт со вас и да креирам содржина за вас. Претплатете се на мојот канал на Tелеграм и VKontakte. Ветувам дека ќе комуницирам со вас на англиски и ќе ве информирам за мојот живот. Ви благодарам за се – рече таа.

Најнови вести