Познати се датумите и саатниците за осминафиналните дуели од ракометната Лига на шампионите меѓу Вардар и Веспрем.
Македонскиот шампион првиот меч го игра на домашен терен. Средбата е закажана за 31 март во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Реваншот ќе се игра на теренот на унгарскиот тим на 6 април, исто така во 18:45 часот.
Победникот од овој двомеч во следната фаза ќе се сретне со Алборг од Данска.