вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров: Пасквал сигурно ќе има изненадување, но како што тој ме знае и јас го познавам него

Лазаров: Пасквал сигурно ќе има изненадување, но како што тој ме знае и јас го познавам него

В четврток нашите ракометари ќе ги пречекаат Романците во еден од најважните натпревари откако Кирил Лазаров е на селекторската позиција.

„И пред Европското првенство претпоставувавме дека за пласман на СП ќе треба да играме бараж. Тоа ми беше во глава и кога ја преземав селекторската функција. Пасквал е познат тренер кој помина 12 години во Барселона. Сигурен сум дека Романија со него доби на сериозност и квалитет. Добро го познавам Чави и сигурен сум дека ќе подготви некои изненадувања, но како што тој ме знае мене и јас го познавам него.Имаме работи кои треба да ги поправиме, а простор за напредок има секогаш. Семтам дека сум на добар пат, изгледаме сериозно и сигурен сум во добар настап“, изјави Лазаров.