Европските министри за финансии официјално го одобрија четвртиот пакет санкции против повеќе од 600 руски граѓани, што францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го нарече „историска одлука“.
– Тоа е најбрзиот и најсилниот пакет санкции што Европската унија некогаш го усвоила во својата историја, рекоа министрите.
Имињата на руските поединци и субјекти вклучени во новата рунда санкции не се објавени.