Европа мора да сфати дека ако ја загуби Украина, ништо нема да биде исто. Тоа повеќе нема да биде Европа, објави на Твитер премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки кој претстојува во Киев.
Како што истакна, тоа ќе биде поразена, понижена и патетична верзија на Европа.
„Сакам силна и одлучна Европа“, нагласи Моравјецки.
Europe must understand that if it loses Ukraine it will never be the same again. It will no longer be Europe. Rather it will be a defeated, humiliated and pathetic version of its former self. I want a strong and resolute Europe. pic.twitter.com/ENMRSDNuVU
— Mateusz Morawiecki (@MorawieckiM) March 15, 2022
Премиерите на Полска, Чешка и Словенија синоќа пристигнаа во Киев за да му изразат поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија агенциите, наведувајќи дека Матеуш Моравјецки, Петер Фијала и Јанез Јанша во главниот град на Украина пристигнале со воз.
„Овде се создава историја, во завојуваниот Киев. Овде слободата се бори против светот на тиранијата. Овде иднината на сите нас виси на конец. ЕУ ја поддржува Украина, која може да смета на помошта од своите пријатели, а ние денеска дојдовме во Киев со таа порака“, напиша Моравјецки.
It is here, in war-torn Kyiv, that history is being made. It is here, that freedom fights against the world of tyranny. It is here that the future of us all hangs in the balance. EU supports UA, which can count on the help of its friends – we brought this message to Kyiv today. pic.twitter.com/Us7k9xTq5f
— Mateusz Morawiecki (@MorawieckiM) March 15, 2022