Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во моментов има говор пред американскиот Конгрес. Ова е редок момент за источноевропски лидер да им се обрати на американските претставници додека неговата земја продолжува да се бори против руската инвазија.
Зеленски на самиот почеток на своето обраќање доби овации.
Претходно, претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го претстави Зеленски и ја пофали неговата „храбра“ одбрана од инвазијата на руските сили, а во таа прилика се обиде да зборува и на украински. Зеленски тогаш рече дека е многу горд што се обратил на Конгресот кога Киев е под руски оган и дека земјата „не се откажува“.
– Градот е под постојан напад, но ние не се откажуваме. Во ниту еден момент не размислувавме за тоа – рече Зеленски.
Тој рече дека неговата земја е во најтешката војна од Втората светска војна и дека „осум години се спротивставува на руската агресија“. Зеленски рече дека е благодарен на Бајден што ја поддржува Украина.
– Во најтемното време за нас, за Европа, ве повикувам да сторите што е можно повеќе – рече Зеленски и порача дека е неопходно да се санкционираат сите што го поддржуваат рускиот режим.