четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ф1: Фетел поради коронавирус го пропушта стартот на новата сезона

Ф1: Фетел поради коронавирус го пропушта стартот на новата сезона

Германецот Себастијан Фетел е позитивен на Ковид-19 и ќе ја пропушти првата трка од новата сезона која в недела ќе се вози за Големата награда на Бахреин, а негова замена во екипата Астон Мартин ќе биде сонародникот Нико Хулкенберг.

Од минатата недела кога почнаа претсезонски тест возења, Фетел е втор возач, кој е позитивен на коронавирусот по Австралиецот Даниел Рикардо (Мекларен), кој во меѓувреме оздраве и ќе настапи на трката во Бахреин.

Првата овосезонска трка во Формула 1 е на програмата в недела со почеток од 16 часот по средноевропско време, додека квалификациите се ден претходно. (МИА)