понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Полицијата казни 132 возачи во Скопје

Полицијата казни 132 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возач почетник, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 38 за непрописно паркирање…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.