вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Се подобрува патната инфраструктура во општина Илинден

Се подобрува патната инфраструктура во општина Илинден
dav

Општина Илинден информира дека на повеќе локации во тек се интензивни градежни активности во рамки на реализација на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта.

Комплетно е саниран и асфалтиран дел од улицата „535“ во населба Илинден, во должина од 280 метри. Оваа улица се протега од новиот пешачки мост и ја поврзува улицата „8“ во населба Илинден и улицата „500“ во Марино со општинското основно училиште „Гоце Делчев“, Средното општинско стручно училиште „Илинден“, градинката „Гоце Делчев“ и е од посебно голема важност за безбедноста на граѓаните, особено за учениците.

Општина Илинден соопшти дека во локалната економска зона Марино-Кадино во тек е изградба на новопроектираната улица „2“ во должина од 230 метри. Кон оваа улица гравитираат повеќе стопански објекти кои преку неа се поврзуваат со локалниот пат Марино-Кадино. Во моментот се работи на поставување фекална канализација и тротоари, по што ќе следува асфалтирање.