Хуманитарен коридор за евакуации во Луганската област ќе биде отворен денеска, најави регионалниот гувернер Серхиј Гаидај.
-Договорен е хуманитарен коридор, денеска ќе се обидеме да ги евакуираме луѓето и да донесеме храна, рече тој.
Додаде и дека за денеска е договорено затишје и дека ќе стапи на сила во 9 часот по локално време.
Всушност, станува збор за еден од десетте хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, за кои Украина се надева дека ќе бидат отворени денеска.
Ова го најави вицепремиерката, Ирина Верешчук.