петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Власта со двојазичноста на полициските униформи сака да направи дефокус од криминалот и неуспесите, тоа нема да го подобри стандардот на граѓаните

Мицкоски:  Власта со двојазичноста на полициските униформи сака да направи дефокус од криминалот и неуспесите, тоа нема да го подобри стандардот на граѓаните

Политичка тема која служи за деофкус од криминалот и пљачката која ја спроведува власта во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за двојазичноста на амблемите на полициските униформи.

Мицкоски истакна дека ова освен што е дефокус, на никој начин нема да го подобри стандардот на граѓаните на Македонија.

– Нема да го намали бројот на автобуси кои ја напушттаат Македонија со млади луѓе од Тетово Дебар, Гостивар, Струмица, Виница, Битола и тоа е уште еден обид преку поделба на народот да се сокрие пљачката која ја спроведува власта преводена од СДСМ и ДУИ, потенцира Мицкоски.

Тој нагласи дека е вчудоневиден со каква леснотија овие политичари во владата го навредуваат и потценуваат народот мислејќи дека на тој начин ќе направат нешто со кое ќе ги покријат овие неуспеси.

– Но јас не мислам така, мислам дека граѓаните гласно ќе зборуваат на следните предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Најнови вести