четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски: По 1000 денари поддршка за сите пензионери во време на криза

Ковачевски: По 1000 денари поддршка за сите пензионери во време на криза

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил соопшти дека мартовските пензии со дополнителните 1 000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март.

Со оваа исплата, како што наведува Ковачевски, почнува реализацијата на финансиската поддршка за сите пензионери во време на криза.

-По дополнителни 1000 денари на својата сметка ќе добива секој пензионер за март, април и мај. Оваа парична поддршка, заедно со рекордното покачување на пезниите и новата методологија се влог во поквалитетен живот на највозрасните граѓани, пишува премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Најнови вести