недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Аеродром со јавен повик за финансиска поддршка на проекти од образование, спорт, заштита

Општина Аеродром со јавен повик за финансиска поддршка на проекти од образование, спорт, заштита

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за 2022 година за доделување финансиска поддршка за програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитата.

Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што можат да се имплементираат во Општина Аеродром во следните приоритетни области: образование (проекти во делот за развој на основното образование);заштита (проекти поврзани со системот за социјална заштита, заштита на децата и заштита и спасување на граѓаните) и култура (проекти поврзани за развој на културата).

Рокот за поднесување на пријавите е седум работни денa, почнувајќи од 23.3.2022 година до 31.3.2022 година, а огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк , на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопјеили во архивата на Општината секој работен ден. Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака ,,Не отворај“ и со назнака ,,За јавен оглас за финансиска поддршка на програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитата“.

Пријавите со непотполна документација или доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.