недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Швјонтек ќе избие на првото место на ВТА, доколку победи на еден меч во Мајами

Швјонтек ќе избие на првото место на ВТА, доколку победи на еден меч во Мајами

Полската тенисерка Ига Швјонтек следниот месец може да избие на првото место на ВТА ранг-листата доколку на тековниот турнир во Мајами победи на барем еден меч.

Ваквиот исход стана можен откако сегашната прва светска тенисерка, Ешли Барти најави пензионирање и напуштање на ВТА рангирањето на ажурирањето на 4 април.

За лидерската позиција во на ВТА листата конкурира и Пола Бадоса, додека Барбора Крејчикова  излезе од трката, бидејќи нема да игра во Мајами поради повреда.

Рангирањето во живо, земајќи го предвид фактот дека носители стартуваат од второто коло, изгледа вака: Швјонтек 5721 бод; Крејчикова 5033; Бадса 4765; Марија Сакари 4705.

Бадоса за да има шанса да води на ВТА, треба да ја освоиш титулата во Мајами. Доколку Швјонтек победи утре на мечот со Викторија Голубиќ (Швајцарија) и се пласира во третото коло, ќе додаде 55 поени, што ќе бидат доволни за да го обезбеди првото место.