петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фајзер повлече лекови за висок крвен притисок, содржеле соединенија кои предизвикуваат рак

Фајзер повлече лекови за висок крвен притисок, содржеле соединенија кои предизвикуваат рак

Фајзер соопшти дека повлекува три од своите лекови за висок крвен притисок од пазарот – Accuretic и неговите две генерички верзии дистрибуирани од Greenstone.

Фајзер самостојно одлучил да ги повлече таблетите кои содржат повисоки нивоа на нитрозамини, соединенија кои можат да доведат до развој на рак. Но, компанијата во соопштението нагласи дека „не постои таков непосреден ризик за пациентите кои го земаат овој лек”.

– Нитрозамините најчесто се наоѓаат во водата и храната; во сувомеснатите и млечните производи и во зеленчукот. Секој е изложен на одредено ниво на нитрозамин. Овие нечистотии може да го зголемат ризикот од рак доколку некој е изложен на нив во големи количини во подолг временски период, соопшти фармацевтската компанија, пренесува Си-Ен-Ен.

Фајзер додаде дека досега нема извештаи за негативни ефекти по употребата на лековите за висок крвен притисок и оти овие производи имаат безбедносен профил кој се темели на повеќе од 20 години искуство.

Компанијата ги советува пациентите кои досега го земале нивниот лек да се консултираат со својот лекар за алтернативни третмани.