четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лани 201 доктор на науки и 1976 магистри на науки и специјалисти

Лани 201 доктор на науки и 1976 магистри на науки и специјалисти

Во 2021 година, звање доктор на науки стекнале 201 лице, што претставува зголемување за 15,5 проценти во споредба со 2020 година. Со звање магистер на науки и специјалист, пак, лани се стекнале 1976 лица, од кои 1727 или 87,4 проценти се магистри и 249 или 12,6 проценти се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2020 годинa, е зголемен за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем број од лицата докторирале во областа на здравство и социјална заштита, 23,4 проценти, потоа на општествени науки, новинарство и информирање докторирале 17,4 проценти, следат бизнис, администрација и право со 15,9 проценти, уметност и хуманистички науки со 11,4 проценти, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Сто и петнасете жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2021 година, што претставува 57,2 проценти од вкупниот број лица што докторирале во истата година.

Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 30,8 проценти ја вршат својата професија во образовната дејност.

Учеството на жените магистри, пак, во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2021 година е 59,6 проценти.

Во 2021 година, најголем број од магистерските трудови, 558 или 32,3 проценти, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 22,2 проценти се од областа на општествените науки, новинарството и информирањето, следат инженерството, производството и градежништвото со 15,9 проценти, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност. (MИА)

Најнови вести