недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ИМАШЕ РИЗИЦИ: Кардиолог обелодени во каква состојба се наоѓа Хансен

ИМАШЕ РИЗИЦИ: Кардиолог обелодени во каква состојба се наоѓа Хансен

Микел Хансен ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната поради згрутчувањето на крвта после операцијата на коленото, за ситуацијата на Хансен зборуваше данскиот кардиолог Хане Расмусен.

Расмусен е кардиолог и главен доктор на кардиолошкиот одел во болница во Биспебјерг. Според неговите зборови ако состојбата се нормализира Хансен може да се врати во полна сила.

Неговите изјави ги пренесува 24Ракомет.

„Ако состојбата се нормализира, можете да се вратите и активно да продолжите да играте“, изјави Хане Расмусен кој нагласи дека не ги знае деталите за случајот со Хансен.

Посочи дека во операција каква што имал Хансен постоела опасност од згрутчување на крвта.

„Во операција каде што лежите мирно подолго време постои опасност од згрутчување на крвта. Затоа вообичаено давате лекови за разредување на крвта“.

Истакна дека до вакво нешто ретко доаѓа кај младите луѓе, посебно кај спортистите.

„Генерално знаеме дека тоа може да се случи, затоа има посебен третман. Но кога зборуваме за млад човек кој е и спортист, такво нешто се случува многу ретко“.

Додека Хансен ja прима терапијата сигурно нема може да игра ракомет.

„Кога примате лекови за разредување на крвта постои зголемeн ризик од крварење. Тоа генерално не е проблем, но во контактните спортови каде што сте изложени на ризик да добивате удари може да се појави проблем“, објасни Расмусен.

Хансен од наредната сезона ќе се врати во Данска во редовите на Алборг, пренесе порталот.