вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Погодено складиште за нафта на „Сауди Арамко“ во Џеда

Погодено складиште за нафта на „Сауди Арамко“ во Џеда

Складиште за нафта на „Сауди Арамко“ е погодено денеска во Џеда, Саудиска Арабија.

Саудиските државни медиуми информираа дека јеменското движење Хути извршиле серија беспилотни и ракетни напади, и дека се гледа голем облак црн чад во Џеда.

Медиумите објави дека избувнал пожар во складиште за нафта пред трката Формула 1 во Џеда и дека јеменските бунтовници Хути признале дека извршиле серија напади врз Саудиска Арабија.

Саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“ се уште не ги коментира информациите за пожарот. (МИА)