вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Народот страда поради тактизирањето на Европа со Македонија

Мицкоски: Народот страда поради тактизирањето на Европа со Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ 21 зборуваше можноста Македонија да ги почне долгоочекуваните преговори за членство во Европската Унија.

Тој рече дека Македонија како држава направи многу остапки и јавно праша уште колку отворени спорови треба да решиме за да конечно ги отпочнеме тие преговори.

-Колку отворени спорови ние треба да решаваме за конечно да почнеме преговори со ЕУ. Еве јас ќе го поставам прашањето вака, во ред 2017-та година се потпиша тој догвор за добрососедство од страна на тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов и тоа беше клучот, нели врати двата клуча за да Македонија стане челнка во рамките на НАТО и процедуарата е таква ако некои од членките на НАТО има проблем со некој сосед или со некоја друга земја која што претендира да биде дел од НАТО алијансата може да ја спречи. Зошто тогаш официјлната влада од Софија не ја спречи Македонија, односно не рече видете луѓе, ова не е доволно, ние имаме отворени прашања и ние не се согласуваме Македонија да влезе во рамките на НАТО алијансата, праша Мицкоцки кој се надоврза со уште едно попрецизно прашање:

– Зошто во 2007-та година кога Бугарија требаше да биде дел од Европската Унија тогашната влада на Македонија испрати допис до ЕУ напишан на македонски јазик, преведен на сите официјални јазици на ЕУ а тогашната бугарска влада се сложи дека нема отворени прашања со нејзиниот сосед Република Македонија, зошто тогаш не беше проблем еве како што денеска официјално ни се продава приказната дека дел од бугарскиот народ во Македонија кои што се незначително малцинство треба да биде во преамбулата, зошто тогаш тоа не беше проблем? Ама тогаш треба Бугарија да влезе во Европската Унија и тогаш тие можеа да проголтаат се. Затоа јас сега велам вака, доаѓаа многу официјални лица и од Брисел и надвор од Брисел кои ни велеа, уште овој договор и завршена е работата, влегувате во НАТО, ги почнувате преговорите со ЕУ и од тој момент патот ви е отворени вие станувате полноправна членка.

Мицкоски исто така истакна дека поминуваат време поминува, позициите се моделираат како да се од пластелин во зависност од тоа која политичка елита е ваму или таму, а народот во Македонија страда.

-Поминуваат недели, месеци, години, позициите се моделираат како да се од пластелин во зависност од тоа која политичка елита е ваму или таму, а народот во Македонија страда. А како страда, еве јас сум професор на университет, ако прет 15-20 години когакако асистент бев дел од комисија за одбрана на дипломска работа, веднаш по дпломирањето моите студенти велеа ќе барам работа ваму, ќе барам работа таму, денеска 15 години потоа како ментор на дел од тие луѓе се обидувам од петни жили да ги убедам да останат во Македонија а тие велат не, нема овдеа перспектива за нас, ние си заминуваме, сакам да кажам дека народот е тој кој што на крајот од денот губи, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести