четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ако треба да ја прифатиме тезата на Заев дека Бугарите не биле фашисти туку ослободители, а Илинденското било Бугарско востание, ние таков договор не прифаќаме

Мицкоски: Ако треба да ја прифатиме тезата на Заев дека Бугарите не биле фашисти туку ослободители, а Илинденското било Бугарско востание, ние таков договор не прифаќаме

Во вечерашно гостување на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на преговорите со Бугарија истакна дека ако треба да се прифати тезата на Зоран Заев дека бугарите не биле фашисти туку ослободители, а Илинденското било Бугарско востание, тогаш ВМРО-ДПМНЕ таков договор не прифаќа.

„Ако е тезата на овие преговори дека треба да се променат учебниците и во тие учебници да се протне на мала врата тезата на поранешниот премиер Зоран Заев дадена на интервјуто за БГНЕС дека тука немало фашистички окупатор кој дошол од Бугарија, туку биле ослободители, администратори, тогаш тоа е друга работа. Ако треба да се протне тоа дека Илинденското востание било преродбеничко востание или преображенско востание или дека Ѓорѓи Гоце Делчев не бил македонец тоа е веќе друга работа“ нагласи Мицкоски.

Најнови вести