„Фактичката ситуација е дека пратениците на СДСМ и министрите на СДСМ се заробеници на ДУИ во таа Влада. Тие 15 пратеника владеат со 40тина пратениците на СДСМ и коалицијата. Од една страна ги имаме Бујар, Крешник и Артан а од другата страна го имаме само Ковачевски“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на Телевизија 21.
Мицкоски посочи дека ДУИ како предолго време на власт се чувствуваат премногу комотно и премногу комфорни.
„Лошо е за државата кога 15 пратеника на ДУИ кои се предолго во власта ги надвладејуваат 40-те пратеника од СДСМ, лошо е затоа што ДУИ се во власта се предолго време и се чувствуваат прекомотно и прекомфорни“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека вчера да не го видел министерот за правда на утакмицата во Палермо, ќе заборавев дека има државава министер за правда. За труд и социјала да не му ги одземаа ингеренциите на градоначалникот во Битола немаше да прочитам соопштение дека нешто работи новата министерка за труд и социјала бидејќи физички не можеме да ја видиме.
„Досега јас не видов некаков впечаток да оставија, иако ДУИ успева да го развласти СДСМ, тогаш можеме да замислиме како сето тоа делува врз претопувањето на Алтернатива. Жалам што политичката филозофија на таа политичка опција Алтернатива која во самото име да биде Алтернатива на ДУИ ќе заврши како проект којшто е неуспешен“, дециден е Мицкоски.