Во однос на патувањето во Палермо, на фудбалскиот натпревар каде македонската фудбалска репрезентација ја совлада Италија, министерот за правда Никола Тупанчески посочува дека се важни две компоненти, а тоа е дали тој патувал службено и кој ги покрил трошоците.
– Одговорот на првото прашање е „Не, јас не патував службено“, и втората компонента за тоа кој ги плати трошоците: „Tрошоците ги платив јас од моја трансакциска сметка“, истакнува Тупанчески.
На прашањето дали бил изненаден од прозивањето на Антикорупциска за неговото патување и присуство во Палермо на фудбалскиот натпревар, министерот вели дека бил шокиран.
-Бев шокиран зошто го велам ова тоа, затоа што јас имам коректен однос со многу луѓе тука и како професор. За да се стигне до вистината треба да се слушне и другата страна, додава Тупанчески.
Посочува дека ниедна законска ниту етичка норма не е прекршена со неговото патување во Италија на фудбалски натпревар. Тој додава дека Владата има етички кодекс во кој меѓу другото се дефинираат патувања на службените лица.
-Јас не сум користел буџетски средства, не сум користел службено возило, не сум користел обезбедување, а трошоците сум ги покрил сам. Јас сум голем фудбалски фан. За Португалија нема да одам оти заменикот министер нема да биде тука, па не е во ред Министерството да остане така. А има чартер летови на еден ден, вели Тупанчески.