Водителката, актерка и пејачка Сузана Манчиќ во младоста важеше за секс бомба, а дека работите не се значително променети ниту сега кога има 65 години, покажа со новата фотографија на Инстаграм.
Никој не може да поверува колку години има, а дека е природно младолика сведочи фотографијата на социјалните мрежи без филтери и фотошоп.
– Нема филтери, нема фотошоп. Само малку одмор. Оваа слика ја објавив за сите оние кои ме сакаат, а особено за оние кои не можат да ме видат со очи. Ви посакувам убава вечер, напиша Сузана на Инстаграм како опис на фотографијата без дополнително украсување и предизвика бројни позитивни коментари.
– Те сакам, мојата убава Сузи, напишала Лидија Вукичевиќ во коментар до својата колешка.