петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Зголемен бројот на жители во Скопје, во главниот град живеат над половина милион граѓани

Зголемен бројот на жители во Скопје, во главниот град живеат над половина милион граѓани

Вкупниот број на жители во градот Скопје изнесува 526 502 лица и во споредба со пописот од 2002 година е зголемен за 3,9 проценти, покажува Пописот спроведен во 2021 година.

-Бројот на домаќинства во град Скопје изнесува 171.171 и во споредба со 2002 се забележува зголемување за 16,8 проценти, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите.

Како што рече Симовски, зголемен е и бројот на станови во Скопје. Изнесува 213.850 станови што е пораст во однос на 2002 година за 30,6 проценти