вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се најавува невреме: Од ноќеска пороен дожд со силен ветер, можна појава на град

Се најавува невреме: Од ноќеска пороен дожд со силен ветер, можна појава на град

Од УХМР известуваат дека под влијание на циклонска активност ноќеска од запад ќе се прошират врнежи од дожд, а од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд. Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час).

Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

Вкупната количина на наврнат воден талог до сабота локално ќе надмине 30 л/м2.

Најнови вести