Капитенот на актуелниот ракометен шампион Вардар, Стојане Стоилов, вели дека овој пораз од Веспрем е „тежок“, но реваншот во Унгарија нема да биде само формалност.
„Сакам да му честитам на Веспрем. Се случува, игравме добро само на стартот, нивните голмани бранеа неверојатно, паднавме на самодоверба. Веспрем е фаворит, ние не успеавме да ги изненадиме. Сепак, ова е ракомет и одиме максимално на реваншот во Унгарија. Се надевам ќе одиграме подобро“, изјави Стоилов.
Реваншот меѓу Веспрем и Вардар се игра на 6 април.