среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Приведени 45 лица: Насилен протест пред домот на претседателот на Шри Ланка

Приведени 45 лица: Насилен протест пред домот на претседателот на Шри Ланка

Полицијата на Шри Ланка приведе 45 демонстранти, кои синоќа протестираа пред домот на претседателот Готабхаја Рајапакса поради недостиг на храна, гориво и на струја.

Полицијата воведе полициски час и употреби солзавец врз демонстрантите, кои се обидувале да ги отстранат барикадите и запалиле еден автобус.

Претседателот Рајапакса немилите настани ги препиша на „екстремистички елементи“.

Критичарите на претседателот, укажуваат на рангирањето на корупцијата и непотизмот, неговите браќа и внуци заземаат неколку клучни министерски ресори, како една од главните причини за ситуацијата во земјата.

Извештаи околу тоа како претседателот и неговите министри се изземени од прекините на струјата, заедно со раскошното прикажување на богатството од страна на членови на семејството, само го зголемија гневот, пишува Би-Би-Си.