вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометната легенда на Унгарија го презема Ѓер

Ракометната легенда на Унгарија го презема Ѓер

Една од најдобрите ракометарки на светот, Анита Гербиц, која се пензионираше минатото лето, би можела да стане претседател на еден од фаворитите за освојување на титулата во ЛШ, Ѓер.

Гербиц целата кариера ја мина во Ѓер. Пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите, 13 пати домашната титула и 11 пати Куп титулата во Унгарија. Во 2005 година од страна на ИХФ, Гербиц беше прогласена за најдобра ракометарка на светот.

За потсетување, пред неколку денови, Чаба Барта, кој беше претседател на Ѓер цели шест години, реши да го напушти унгарскиот шампион.