вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„САМО ЕДНО ДЕТЕ ПРЕЖИВЕА“ Катастрофални свлечишта во Бразил: Најмалку осум загинати, воведена е вонредна состојба (ФОТО+ВИДЕО)

„САМО ЕДНО ДЕТЕ ПРЕЖИВЕА“ Катастрофални свлечишта во Бразил: Најмалку осум загинати, воведена е вонредна состојба (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку осум лица загинаа во калливи одрони предизвикани од силен дожд, а меѓу жртвите има и шест членови на исто семејство во крајбрежниот град Парати на југот на бразилската држава Рио де Жанеиро, соопштија денеска локалните власти.

НДТВ пишува дека загинале најмалку 14 лица, од кои осум деца, а пет исчезнале.

– Очекувавме дожд, беа издадени предупредувања, но, за жал, куќата во населбата Понта Негра се урна. Преживеа само едно дете, изјави функционерот на Паратија, Лучијано Видало.

Во изминатите неколку недели, државата Рио де Жанеиро беше зафатена од нестабилни временски услови. Видало истакна дека одронот од кал ги блокирал улиците и дека неколку населени места се изолирани, а голем дел од Паратија нема струја.

Метеоролозите наведуваат дека количината на дожд на Парати што паднала за еден ден е просек за шест месеци. Во градот е прогласена вонредна состојба откако се најавени нови дождови.