Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Буча, бидејќи и понатаму се појавуваат докази за злосторствата во близина на Киев.
Тој извршил увид на патот на кој руската колона била нападната од заседа и разговарал со локалното население. Тој повтори дека Русија извршила воени злосторства и геноцид во Украина.
Запрашан од Би-Би-Си дали сè уште е можно да се разговара за мир со Русија, тој рече: „Да, бидејќи Украина мора да има мир. Ние сме во Европа во 21 век. Ќе продолжиме со нашите напори дипломатски и воено“.
Да потсетиме, украинските власти и медиумите споделија видео кое е снимено во градот Буча во Киевската област, на кое се гледаат телата на мртвите како лежат на патот.