сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Психолошки проблеми причина за повлекувањето на Квитова од турнирот во Чарлстон

Психолошки проблеми причина за повлекувањето на Квитова од турнирот во Чарлстон

Чешката тенисерка Петра Квитова го коментираше одбивањето да го продолжи мечот од првото коло на турнирот во Чарлстон против Магдалена Фреш од Полска.

– Навистина сакав да останам и да продолжам да се борам, но за жал моето тело не се согласуваше со мојот ум. Сакам да изразам посебна благодарност до организаторите на турнирот. Навистина се надевам дека ќе се вратам, напиша Квитова на Твитер.

Претходно Квитова стигна до четвртфиналето на турнирот во Мајами каде загуби од подоцнежната победничка Ига Швјонтек.