среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Низа активности на ЈП „Улици и патишта“ во општина Аеродром

Низа активности на ЈП „Улици и патишта“ во општина Аеродром

Извршени работни активности на ЈП „Улици и патишта“ Скопје за ден 05.04.2022г. за работната акција во општина Аеродром:

На улицата „Васко Карангелевски“ се санирани оштетените бехатон плочи на пешачките патеки во површина од 8м2.

На булеварот „Јане Сандански“ се санирани голем дел од средишните жардињери и обележана е хоризонталната сигнализација на две автобуски постојки на булеварот.

Обнова на вертикалната сигнализација имаше на улицата „Васко Карангелевски“, каде се исправени 6 сообраќајни знаци и на булевар „Јане Сандански“ 2 сообраќајни знаци.

На светлосната сигнализација во оопштина Аеродром санирани се следниве недостатоци:

-к-ца бул.„Кузман Јосифовски Питу“ со улица „Фрањо Круз“ скршено стакло на зелен футурит 210 и заменето со ново стакло на семафор.

-к-ца бул.„Јане Сандански“ со улица „Владимир Комаров“ скршено стакло на зелен футурит 210 и заменето со ново стакло на семафор.

-к-ца бул.„Јане Сандански“ кај Три Бисери монтирани се три сенила.

-к-ца бул.Јане Сандански со ул.„Васко Карангелевски“ монтирани се две сенила на пешаци.

-к-ца бул.„Јане Сандански“ кај „Мекдоналдс“ монтирано е едно сенило на пешак и на бул.!Јане Сандански„ кај пешачки премин ТЦ „Бисер“ монтирано е едно сенило на пешак.