среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Томас-Гринфилд: Суспензијата на Русија е историски ден

Томас-Гринфилд: Суспензијата на Русија е историски ден

Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, по повод суспензијата на Русија од Советот за човекови права на ОН, на Твитер напиша дека ова е важен и историски ден.

„Земјите ширум светот гласаа за суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН“, објави таа.

„Колективно, испративме јасна порака дека Русија ќе сноси одговорност“, напиша Томас -Гринфилд. (МИА)