среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Власта прави шоу од Собранието, преку Комисијата за европски прашања поминуваат секакви закони

Стојаноска: Власта прави шоу од Собранието, преку Комисијата за европски прашања поминуваат секакви закони

Жалам што се квалификуваат законите на битни или небитни, или темите на битни и небитни. Јас сметам дека се што е во Парламентот се дискутира и тоа како битно. А, ние во Парламентот сме претставници на граѓаните и токму затоа треба за се да бидеме информирани бидејќи на крајот на краиштата со овој договор се одлучува судбината на граѓаните на Република Македонија, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата на 24 телевизија.

Стојаноска додаде законот за техничка инспекција на пример кој што вчера беше на Комисија за европски прашања можеби за некој пратеник е небитен меѓутоа со тој закон кој што е со европско знаменце може утре граѓанин некој да стане технички инспектор и утре да издава сертификат за лифт, градежни машинерии, за бензинска пумпа. Односно за апарати доколку се случи некоја хаварија носат смртни последици.

„Власта прави шоу од Собранието и со оваа власт мислам дека многу добро би било Комисијата за европски прашања да се прогласи како законодавна правна комисија бидејќи останува многу мал број на закони кои што низ оваа Комисија не поминуваат. Едноставно се поминува низ Комисија за европски прашања. Еве закон за техничка инспекција, закон за сметководители, за минерални суровини, законот за попис помина, требало, не требало, дали тој закон ќе стапи на сила како ќе станеме членка на ЕУ или после 5 години, битно Комисија за европски прашања мора да расправа. А, дали некој ни ги квалификува нашите сериозни дискусии како шоуа или не тоа нека судат граѓаните“, нагласи Стојаноска.

Најнови вести