среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски на средба со фон дер Лајен во Киев

Зеленски на средба со фон дер Лајен во Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе разговара денеска во Киев со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјави портпаролот на украинскиот претседател Сергиј Никифоров на националната телевизија.

Тој рече дека други детали од разговорите нема да бидат соопштени од безбедносни причини. Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел кој исто така ќе престојува во Киев, вчера изјави дека Украина треба да биде снабдена со повеќе оружје за да ѝ се спротивстави на руската агресија и да ја изолира Русија што е можно повеќе во меѓународната заедница, како и да воведе дополнителни санкции за Москва.

Зеленски во скоро сите обраќања во парламентите на земјите членки на Унијата ја предупредува Европа дека нема време за двоумење во усвојувањето мерки против Русија во услови на зголемени докази дека руските воени сили вршат злосторства, бидејќи Москва и натаму ја продолжува својата неиспровоцирана војна. Вашингтон најави нови мерки, вклучувајќи санкции за двете возрасни ќерки на претседателот Владимир Путин и една голема банка.