четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За време на говорот на Зеленски извршен хакерски напад врз Финска

За време на говорот на Зеленски извршен хакерски напад врз Финска

Веб-страниците на владата и на неколку министерства на Финска денеска беа мета на хакерски напад.

Хакерскиот напад се случи во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се обраќаше пред финскиот Парламент преку видео конференциска врска.

Финската Влада ја објави веста за хакерскиот напад, а Министерството за одбрана соопшти дека руски авиони го нарушиле воздушниот простор на земјата. (МИА)