понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски за најновите санкции против Русија: Мислам дека тоа се уште не е доволно

Зеленски за најновите санкции против Русија: Мислам дека тоа се уште не е доволно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им порача на лидерите на Европската унија дека последниот пакет санкции против Русија сè уште не е доволен.

-Би сакал да му се заблагодарам на целиот свет, на ЕУ, лично на Урсула фон дер Лајен, за петтиот пакет санкции, но мислам дека тоа не е доволно, рече тој во Киев на средбата со шефицата на Европската комисија и првиот европски дипломат, Жозеп Борел.

„Зошто“, праша тој. „Затоа што Русија ни одзеде многу, територија, луѓе… Додека Украина може да врати територија, таа не може да ги врати луѓето во живот“, додаде Зеленски.

-Ве молиме продолжете да ни помагате со санкциите, додаде украинскиот претседател.