петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Аеродром го одбележа 17. роденден

Општина Аеродром го одбележа 17. роденден

Општина Аеродром вчера во паркот „Авион“ го одбележа 17. роденден во боите на спортот, забавата, музиката, детскиот џагор и насмевките.

Под априлските сончеви зраци, децата од градинките и училиштата, на голем број различни полигони беа посветени на спортски активности, под менторство на врвен наставен кадар од основните училишта и голем број спортски професионалци, со цел уште повеќе да им се доближи спортот на најмладите.

А, особено изненадување за дечињата, но и возрасните, предизвикаа кошаркарите од клубот МЗТ Скопје Аеродром кои со своето присуство навистина ги израдуваа младите кошаркарски надежи. Врвните кошаркари ги споделија своите искуства за тоа што значи да се биде професионален спортист и колку е важна тимската игра.

Она што е најважно, децата поминаа еден сончев ден без мобилни телефони и компјутери и место тоа, уживаа во забавата со своите врсници, се рекреираа и на крајот добија награди за својот ангажман и посветеност.

Нека ѝ е среќен роденденот на нашата Општина, а Аеродром е приказна која продолжува да се раскажува…