Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска беше гостин во Дневникот на телевизија Сител каде зборуваше за корумпираната власт и лошиот систем предводен од СДСМ.
-Јас не би рекол дека е лош системот, јас би рекол дека е таква владата, видете ова се случува и со претходниот генерален секретар на владата и со сегашниот иако си даде оставка пред некој ден, самата влада е скандалозна и корумпирана. Видете колку скандали овие пет шест години ВМРО-ДПМНЕ постојано ги отвора и ги кажува пред јавноста и тие немаат завршница, но што се случува во овој момент во СДСМ е многу интересно иако не сакам да зборувам често за тоа. Како кланови, посебни групи се натпреваруваат кој кого повеќе ќе намести и ќе украде повеќе, за жал тоа се случува во коалицијата на оние кои што се најглавни во овој момент во власта. За жал тоа можеме да го видиме секој ден, секоја недела за злоупотребата на позицијата и функцијата, вели Мисајловски.
Тој се осврна и на тоа дека судството, обвинителството и владата се споени.
-Еве пред некое време видовме и дека министерот со судиите и обвинителите е прв другар, рече Мисајловски.
-Затоа во Македонија никој не верува во судството и правосудството и ние велиме дека е најкорумпирана влада, рече Мисајловски.
Тој во врска со случајот за смртта на ракометарот Денис Тот вели дека не смее да се сокрие убиство и оној кој направил убиство на било каков начин мора да оговара.
-Јас ги повикувам невладините организации кои порано беа многу гласни, сега може станале владини, не знам и ги поздравувам ако реагирале, проблемот е што граѓаните не веруваат во еден куп различни информации од многу портали, медиуми, а впрочем и самите институции дадоа различни гледишта на тоа што се случило вечерта. Прво немало насилство, па немало, па имало снимка, но јас апелирам да има разрешница на сето ова, а не некој од политиката да се меша во сето ова. Јас го поздравувам вонредниот инспекциски надзор кој го нарача министерот за здравство и не може граѓаните да веруваат во еден громорозен чин дека е претепан, а потоа да се каже дека имал удар во главата, па немало и така натаму, рече Мисајловски.
Тој вели дека СДСМ пробаа на друг начин да ја префрлат вината за убиството на ракометарот.
На прашањето во врска со штрајкот на СОНК Мисајловски вели дека СОИНК има голем притисок од власта.
-Веќе на социјалните мрежи има доста реакции по изјавите на надлежните, па и премиерот преку статус повика да не се протестира. Уставна категорија е на секој еден да протестира, ние како партија даваме поддршка за штрајкот на СОНК, рече Мисајловски.
Тој вели дека власта и владата знаеше дека ќе дојде до овој чекор.
-Настанува во Македонија тотален хаос, сакаа со брзоплети мерки да направат некој балон да пукне и да покажат дека се добра влада и да ја качат минималната плата, а со тоа мора и да се дозволи на сите да имаат поголема плата, рече Мисајловски.
Во врска со бугарскиот спор тој вели дека мора да постојат црвени линии кои мора да ги поставиме ние.
-Ние сме отворени да зборуваме на оваа тема, нои има црвени линии и ништо повеќе од тоа, некој ќе рече но така не можеме во ЕУ, но не може ние да се продаваме самите себе си, да си ја продаваме историјата, да продаваме нешто што е со векови градено и затоа треба многу внимателно да се гледа на ова. Политичарите не треба да си ја гледаат кариерата дали на власт ќе останат една, две или пак три години, политичарите се менливи, но Македонија е вечна и така треба сите да ја гледаат нашата земја, заклучи Мисајловски.