четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бастијанини го покори и Тексас

Бастијанини го покори и Тексас

Возачот на „Гресини“, Енеа Бастијанини беше победник на Големата награда на САД, четврта трка оваа година во Мото ГП шампионатот.

Италијанецот кој го носи прекарот „Ѕверот“, во Тексас ја запиша втората победа сезонава.

Славеше со две секунди предност во оснос на Алекс Ринс на „Сузуки“, додека трет беше возачот на „Дукати“, Џек Милер.

Марк Маркез, рекордер со седум победи во Остин, имаше херојска трка откако се врати по паузата поради проблеми со видот. Осумкратниот светски првак падна на самиот почеток, но на крајот стигна до шестото место, со половина секунда зад Франческо Бањаки. Бранителот на титулата Фабио Квартаро го зазеде седмото место.