сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во февруари годинава се повисоки за 9,5 отсто на месечно и за 65,2 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторниот бензин во февруари годинава е повисока за 13 отсто во споредба со претходниот месец, а за 67,9 отсто во однос на февруари 2021 година. Кај дизелот, пак, цената е повисока за 10,1 отсто на месечно, а за 70,5 отсто на годишно ниво, додека кај ТНГ горивото е намалена за 3,3 отсто на месечно, а зголемена за 36,6 отсто на годишно ниво.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.