петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот

Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Спасовски е директно одговорен зошто четири дена МВР не излегува со јасна слика за убиството на ракометарот Тот.

-Од снимките кои беа објавени во медиумите јасно се гледа дека станува збор за убиство, и дека Тот е тепан од страна на 3 лица, а сведоци на настанот се 10-тина луѓе. Четири дена Спасовски се обидува да го прикрие настанот, и да ја убеди јавноста дека не станува збор за убиство, туку за несреќен случај. Од снимките јасно се гледа што се случувало, и што е причина за смртта на ракометарот Тот. За настанот гледаме дека имало и 10-тина сведоци и снимки од камери, сето тоа и било познато на МВР. Останува нејасно, зошто тоа не беше кажано веднаш по немилиот настан, туку институциите се впуштија во прикривање на настанот?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност мора да има. Спасовски оставка веднаш.

Најнови вести