понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски ја повика ЕУ да ги интензивира економските санкции кон Русија

Зеленски ја повика ЕУ да ги интензивира економските санкции кон Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски говорејќи пред членовите на литванскиот Парламент ја повика Европска Унија да ги зајакне економските санкции кон Русија.

– Русите знаат дека ќе поминат неказнето бидејќи Европа и понатаму преферира продолжување на соработката, трговијата и вообичаеното работење, истакна Зеленски.

Тој апелираше и да се санкционираат сите руски банки и ја повика Европа да се „да се ослободи од (руската) нафта“.

– Европа мора да победи во оваа војна. И ќе победиме заедно, посочи Зеленски.