вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џенифер Лопез откри како ја запросил Бен Афлек

Џенифер Лопез откри како ја запросил Бен Афлек

Бен Афлек ја запросил Џенифер Лопез на нејзиното најомилено место во светот. Пејачката и актерка откри дека минатиот викенд и се исполнил „најголемиот сон“ кога Афлек, ненадејно ја замолил да се омажи за него.

-Во саботата вечерта додека бев на моето омилено место во светот (во пенлива купка) мојата љубов, клекна на едно колено и ме запроси, открива Лопез.

Вели дека била потполно неподготвена и само го гледала во очи и му се смеела и плачела истовремено.

-Се обидував да го сфатам фактот дека по 20 години тоа повторно се случува, буквално останав без зборови, а тој рече „Дали е тоа да?“. Му реков „Да, секако дека е да“. Се смеев многу силно, а солзите сами паѓаат низ моето лице. Се чувствував неверојатно среќно и исполнето. Не беше ништо отмено, но тоа беше најромантичната работа која можев да ја замислам. Само мирна саботна ноќ дома, двајца луѓе кои ветуваат дека секогаш ќе бидат тука еден за друг. Двајца многу среќни луѓе кои добија втора шанса за вистинска љубов, додава Џеј Ло.

Неодамна во едно интервју, Џенифер открила која е разликата меѓу оваа и нивната претходна врска.

-Сега сме постари, попаметни со повеќе искуство, на разни места сме во нашите животите. Имаме сега деца и мора да бидеме многу свесни за тие работи, изјавил Лопез.

Најнови вести