Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за европски прашања, за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Законодавно – правната комисија.
Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за установите е единствена точка на дневен ред на седницата на Комисијата за економски прашања.
На седницата на Комисијата за европски прашања, пратениците ќе расправаат по Предлог-законот за финансиска стабилност, Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање тероризам и по Предлог-закон за вршење сметководствени работи.
Годишниот извештај за работењето на Оперативно – техничката агенција за 2021 година, е на агендата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Законодавно – правната комисија, како што е најавено, ќе одржи две седници 111 и 123.
На 111 – та седница, пратениците ќе расправаат по Предлог-законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка. На оваа седница се и повеќе барања за автентично толкување.
На дневен ред на 123-та седница на Законодавно – правната комисија се Предлог-законот за финансиска стабилност, Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, Предлог-законот за вршење сметководствени работи, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за установите.