Ракетниот крстосувач „Москва“, кој беше оштетен во експлозија, потона за време на влечењето, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
– При влечење на крстосувачот „Москва“ до одредишното пристаниште, поради оштетување на трупот што настана по експлозијата на муниција, бродот ја загуби стабилноста. Поради лошото време и немирното море, бродот потона – соопштено е.